Македонија
17. јуни 2022 - 20:29

Џафери на средба со државните ревизори на Северна Македонија и Хрватска

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска оствари средба со главните државни ревизори на Северна Македонија и на Хрватска, Максим Ацевски и Иван Клешиќ.

Како што соопшти Кабинетот на Џафери, средбата била одлична можност за разменување предлози и идеи за подобрување на соработката помеѓу врховните ревизорски институции на Република Северна Македонија и Република Хрватска, со следење на позитивните практики на земјите членки на Европската Унија.

Претседателот на законодавниот дом истакнал дека во наредниот период се очекува и потпишување  меморандум за соработка помеѓу Собранието и Државниот завод за ревизија на Република Северна Македонија.

Од прес-службата на Џафери додаваат дека високите претставници на двете ревизорски институции срдечно се заблагодариле на можноста за средба и на искрената поддршка од Џафери и Собранието.