Џафери им го честита почетокот на Рамазан на припадниците на исламската вероисповед
Претседателот на Собранието Талат Џафери го честита почеток на светиот месец Рамазан на припадниците на исламската вероисповед.
-Ми претставува чест од свое име и од името на пратениците во Собранието на Република Македонија да Ви го честитам првиот ден на Рамазан, светиот месец на колективната солидарност, месецот на духовно и телесно прочистување на нашите мисли, тела и проникнување во вистинските вредности на доблесното човечко битие кое има почит кон секој што е ист а различен од него, затоа што е пред сѐ човек. Нека духот на солидарноста, благодатите што ги носи празникот, топлиот збор и хуманите дела се вселат во нашите домови, нашите срца не само овој месец, туку нека зрачат секогаш и секаде каде за тоа има потреба, луѓе сме и сами сме немоќни, заедно, можеме многу, истакнува Џафери.
Тој во честитката изразува жалење што и овој Рамазан продолжуваат препораките за заштита од Ковид-19, што го нарушува традиционалниот начин на одбележување на овој месец.
-Почитувани сограѓани, и овој Рамазан за жал продолжуваат препораките за заштита на нашето здравје и здравјето на нашите блиски од вирусот КОВИД-19 и знам дека тоа во голема мера го нарушува традиционалниот начин на одбележување на овој месец, меѓутоа, верата, добрите мисли и молитвите се во нас самите, и тие може да ги практикуваме и на алтернативни начини, доволно е да имаме искрена желба и добра волја. Нека е честит почетокот на Рамазан, нека е со лесно и нека е во топлиот семеен круг, во мир и благосостојба, порачува во честитката претседателот на Собранието.
Ново на Сител
-
Скопјанец нападнат од сопственик на авто сервис во Чаир
-
Охриѓанка измамена за 300.000 денари
-
Почна автобуски превоз од Тетово до Попова Шапка, градоначалникот најави поддршка за ски центарот
-
Опожарено возило во Аеродром, нема повредени
-
Фатен малолетник со нож на Бит Пазар, поднесена пријава
-
Вардар ја засили дефанзивата со Словакот Михаил Пинтер
-
Забрана за движење на тешки товарни возила на патот Гостивар–Кичево преку Стража
-
Измамена Охриѓанка за 300.000 денари - И кажал дека има пари на сметка од Биткоин