Џафери до Апасиев: Кастро, работата е сериозна, сите ние сме Собрание
Димитар Апасиев, лидерот на Левица и пратеник, обвини дека претседателот на Собранието, Талат Џафери го злоупотребува процедуралното обраќање.
-По кој пат го пуштате координаторот на СДСМ во процедурална расправа? Еве 5 часот е нема мнозинство. Сите ве чекаме од 3 часот. Срамота е ова да го правите, рече Апасиев на собраниската седница на која се разгледуваат предлозите на Владата за измени на законите за акцизи и за ДДВ.
-Сите ние сме Собрание. Имаме одговорност пред граѓаните. Ги сакаме или не мерките да ги донесеме што се пред нас. Нашите гласачи ќе проценат кој како им мисли добро. Ова е сериозна ситуација. Не е до мене што нема пратеници. Некој заглавил, се возел со зимски гуми на снегот. Кастро извини, за мене ова не е смешно. Работата е сериозна. Одиме во скратена постапка, му се обрати Џафери на пратеникот.
Ново на Сител
-
Вардар, Шкендија, Струга и Брера се пласираа во полуфиналето на Купот на Македонија
-
55-годишен маж паднал од објект во изградба и подоцна починал
-
Кривична за две лица од Кичево за „бесправно градење“ и „симнување и оштетување на службен печат или знак“
-
ЈП „Водовод“ Куманово пријави вработена за проневера на пари
-
Мачките благотворни за човековото здравје
-
Милорад Додик осуден на една година затвор
-
ДКСК: 86 казни за актуелни и поранешни министри, пратеници и именувани лица
-
Филипче: Владата да каже за што се потрошени парите од унгарскиот кредит