Македонија
13. March 2018 - 10:37

Двојно зголемени нивоата на неколку реки, Црна под просекот

Двојно зголемени се водостоите на Сатеска кај Ботун, Треска кај Македонски Брод и Вардар кај Зајчев Рид во однос на просекот за март, покажуваат денешните хидролошки мерења.

Според УХМР, Вардар кај Јегуновце, Велес и Демир Капија, како и Пчиња кај Катлановска Бања бележат одредени покачувања, Брегалница и Крива Река не отстапуваат значително, додека Црна Река кај Новаци е под просекот. 

Ниовата на езерата се речиси непроменети.