Македонија
16. September 2017 - 17:13

Двојно повеќе бездомници ќе се згрижуваат во пунктот во Момин Поток кога температурите ќе паднат под нулата

Мажите на еден, жените на друг кат. Подобрени и двојно проширени се условите во пунктот за бездомници во Момин Поток. Неместо досегашните 16 во прифатилиштето сега има 32 кревети. Толку лица кои живеат на улица ќе можат да се згрижат овде на топло кога драстично ќе залади.

-Дополнително се изградени уште три туш кабини за корисниците на Пунктот за бездомници коиј дава хигиенски услуги, изјави Марина Матеска, Црвен Крст на Град Скопје.

Потребата за проширувањето на капацитетот на единствениот од ваков тип Пункт за бездомници произлезе од долготрајниот студен бран со температури под 20-от степен на почетокот на годината кога оведе повеќе од три недели престојуваа 25 лица.

-Подготвени сме за оваа сезона имаме изготвено план како да дејствуваме кога екстремно ќе залади, додаде Матеска.

Според податоците од скопскиот Црвен крст во главниот град има помеѓу 170 и 200 бездомници, но помалку од една третина доаѓаат во пунктот.

Денеска немаше бездомници во пунктот во Момин Поток. Кога временските услови се нормални прифатилиштето работи секој вторник и петок каде околу 50 лица кои живеат на улица добиваат хигиенски и здравствени услуги. Но кога има потреба некој бездомник да биде згрижен тогаш вратите на пунктот се отворени 24 часа.