Двојни аршини за Балансерот
За една година два различни става – прво дале зелено светло како дел од претходната влада за Стратегијата за јавната администрација во која се нотира дека Балансерот ја исцрпил својата намена, а сега ДУИ бурно реагираат дека Уставниот суд ги гази нивните права и ја укинува етничката припадност.
Според коалицијата на европскиот фронт одлуката ја носеле нестручни судии, кои удриле и во темелите на Охридскиот договор. Села најавува и одговорност за уставните судии, но и помош од меѓународниот фактор, иако ЕК во извештајот сериозно забележува за пренатрупаност во администрацијата.
И ресорниот министер Минчев вели дека ДУИ тргнале против себе во реакцијата за балансерот. Сами дале соглласност дека Балансерот треба да се укине, бидејќи намената му е исцрпена.
Вели дека за ново законско решение за правична застапеност во јавната администрација не треба да се брза.
Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат за однесувањето на ДУИ и велат дека се согласни со забелешките на ЕК дека балансерот е злоупотребен.
Екс премиерот Ковачевски го поздрави укинувањето на балансерот. Според него, иако „Балансерот“ е решение кое произлезе од Охридскиот мировен договор и уставните измени, бил злоупотребен. Македонците се изјаснуваа за Албанци, Ромите за Турци, Албанците за Турци и тоа не даде резултат“, вели Ковачевски. И тој смета дека потребно е ново решение за правична застапеност.
Коалициониот партнер во владата Вреди пак вели дека дека законското решение е спремно, се чекале само мислења на меѓународни експерти.
Уставниот суд донесе конечна одлука со која алатката балансер, која последните години беше критикувана како извор на злоупотреби за етнички вработувања биде укината. Веќе нема да има вработувања со етнички предзнак, а ниту тоа ќе се бара како услов во огласите за вработување.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар