Свет
10. February 2016 - 8:34

Дводневна средба на министрите за одбрана во НАТО

Министрите за одбрана на државите од НАТО  ќе разгледаат денеска и утре планови за засилување на военото присуство на Алијансата во Источна Европа.

За време на средбата ќе се дискутира и за засилување на моќта на НАТО во Медитеранот, зголемување на расходите за одбрана, кибер-заштита и одговор на хибридни закани. Ќе се одржи и нова седница на комисијата Грузија-НАТО.

Европската комисија изрази вчера поддршка за идејата на НАТО да се вклучи во пограничното обезбедување на Егејското Море.

Комисијата очекува дека со тоа ќе се придонесе за спасување на што е можно повеќе човечки животи.

- ЕК ги следи изјавите околу заложбите на НАТО во врска со прашањето за миграцијата во Егејското Море, изјави на прес-конференција портпаролот на Комисијата, Маргаритис Скинас.