Македонија
23. February 2020 - 20:09

Двете најголеми партии со различни очекувања дали изборите ќе бидат фер и демократски

ВМРО-ДПМНЕ се сомнева дека претстојните избори ќе бидат фер и демократски. Сметаат дека разрешувањето на министерката за труд и социјала и поништувањето на одлуките на министерот за внатрешни укажуваат дека не функционира техничката влада.

„Прво, ВМРО-ДПМНЕ во моментов ефективно нема учество во техничката влада што ја доведува под силен прашалник регуларноста на изборите. Второ, имаме илјадници вработувања во јавната администрација  во тек на избори, и трето, имаме силен поткуп на гласачи“, изјави Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Во СДСМ за разлика од техничкиот премиер, се оптимисти дека изборниот процес ќе биде фер и демократски. Изминатите 2,5 години имало неколку изборни процеси без забелешки од Брисел, и велат дека кампањата ќе ја насочат кон промоција на сработеното в о изминатиот период.

„Направивме толку многу позтивни работи  за граѓаните и за државата па сметам дека 20 дневниот период на кампања кој следува  е многу краток да ги изнесеме само нив а камоли да се занимаваме со негативна кампања и со лошите работи кои ги направија во минатото нашите политички противници“, вели Хари Локвенец, СДСМ.

Од ДУИ предупредуваат дека спроведувањето на предвремените парламентарни избори ќе бидат главен тест за Брисел при донесувањето на одлуката за отворање на преговори за влез во Европската унија. Во партијата сметаат дека и минимални инциденти може да влијаат врз евроинтегративниот процес.

„Новиот совет на ЕУ ќе се случи на 26 март а тоа е четврти ден од кампањата. Тоа што ќе се случи на овие избори во предизборната кампања и во почетокот на изборната кампња ќе биде последното што ќе го имаат во нивната меморија министрите и премиерите кога ќе ја носат одлуката. Овие избори не се исти со било кои други избори бидејќи се случуваат  во моментот кога се носат одлуки“, вели Бујар Османи, ДУИ. 

Неодмна, техничкиот премиер Спасовски рече дека очекува избоната кампања да биде една од највалкините во историјата на државата но смета дека земјата има капацитет да организира слободни, фер и демократски избори.