Две жртви во тајфунот Лан во Јапонија
Најмалку две лица загинаа денеска во Јапонија во налетот на тајфунот Лан, а властите препорачаа евакуација на десетици илјади луѓе, додека поради невремето се откажани стотици летови.
Еден маж загинал под градежно скеле кое се урнало поради силен ветар, а еден рибар го загубил животот обидувајќи се да воспостави контрола врз својот брод.
Помал број луѓе пријавиле полесни повреди.
Тајфунот Лан, кој е класифициран како силна бура од четврта категорија, синоќа се наоѓаше јужно од Јапонија, движејќи се кон североисток со брзина од 50 километри на час со мало забрзување, соопшти Јапонската метеоролошка агенција (ЈМА).
Се очекува тајфунот да донесе обилни врнежи, најмногу на јапонскиот остров Хоншу, а можно е утре наутро да се доближи и до Токио, кога се очекува да ослабне на ниво на бура од втора категорија.
Ново на Сител
-
За брзо возење казни за 140 возачи на територија на цела држава
-
Најмногу дожд во Виница 32 литри на квадрат, најстудено на Попова Шапка минус три степени
-
ЦУК апелира на внимателност поради влошувањето на временските услови
-
Затворен аеродромот Манадо поради ерупција на индонезискиот вулкан Руанг
-
Надал: Нема повеќе да се натпреварувам во Барселона
-
Ред Бул има намера да го задржи Перез во 2025 година и да го врати Албон во 2026 година
-
Нов „Блек шарк“ прстен на „Шјаоми“
-
Стартува трката за пратеници, уште пет дена претседателска кампања