Македонија
7. July 2015 - 12:53

Две жени пријавени за исчезнати, во Битола и во Теарце

Две жени, едната од Битола, а другата од Теарце, вчеравечер се пријавени во полиција како исчезнати.

МВР соопшти дека синоќа во 21:00 часот, во СВР-Битола, С.Р. (64) пријавил дека од дома во непознат правец се оддалечила неговата ќерка М.Р.(33). 

Во полициската станица во Теарце, пак, синоќа во 22:15 часот, 41-годишниот Р.Ш. од тетовското село Слатино, пријавил дека на 3 јули околу 11 часот од дома заминала и не се вратила неговата 27-годишна невенчана сопруга.

МВР презема мерки за пронаоѓање на двете исчезнати жени.