Македонија
21. јуни 2020 - 10:48

Две возила се опожарени во изминатата ноќ

На 21.06.2020 во 03.32 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Рајко Жинзифов“ настанал пожар на патничко моторно возило „ауди А4“ со скопски регистарски ознаки сопственост на Д.Г.(29) од с.Мршевци при што опожарен бил предниот дел на возилото. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Скопје.

Увид ќе се врши во текот на денот.

На 21.06.2020 во 01.02 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Алпи“ во Скопје околу 00.15 часот две непознати лица полиле запалива течност врз паркирано патничко моторно возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, кое

потоа го запалиле, при што возилото било опожарено во делот на десно крило, десно предно тркало и еден дел под хаубата, додека друго паркирано патничко моторно возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки било само полиено со запалива течност но не било запалено. Девте возила се сопственост на С.М.(62) од Скопје.

Пожарот е изгаснат од сопственикот. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.