-->
-->
Две возила опожарени во Скопје
-->
Вчера во Полициската станица Чаир, Б.Д.(53) од Скопје пријавил дека на претходниот ден околу 18.30 часот настанал пожар во неговото патничко возило „опел астра“, кое било паркирано пред неговата куќа на ул.„Скоевска“ во Бутел. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.
Ноќва, пак, во 01.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Атанас Иљоски“ во Ѓорче Петров настанал пожар во патничко возило „хјундаи И20“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на К.П.(49) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.
Полицијата изврши увид и на двете места.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош
-
Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата
-
Столтенберг во дводневна посета на Германија
-
Сообраќајот тековно, по наместа влажни коловози
-
Променливо облачно со повремен дожд