Две торнада го погодија Нов Зеланд - причинета е материјална штета
Во две торнада, кои денеска повторно го погодија Северниот остров на Нов Зеланд, едно лице е повредено, а причинета е материјална штета.
Едно од торнадата го погоди главниот град Велингтон, а најмалку четири куќи во овој град беа оштетени, бидејќи торнадото им ги однесе покривите.
Според новозеландските медиуми, еден тинејџер е во болница, бидејќи зградата во која престојувал била уништена.
Локалните противпожарни служби во Велингтон, исто така, соопштија дека второто, помало торнадо, ја погодило областа Таранаки во западниот дел на Северниот остров, при што биле оштетени неколку куќи.
Новозеландската метеоролошка служба Метсервис предупредува дека продолжува периодот на лоши временски услови и не ја исклучува можноста за нови торнада во текот на денот.
Торнадата следат по дводневното невреме во Нов Зеланд, кое во неделата тешко оштети 10 куќи во најголемиот град во Нов Зеланд, Окленд, а вчера штетата беше направена и на објектите на Јужниот остров.
Торнадата се релативно ретки во Нов Зеланд.
Ново на Сител
-
Запалена новогодишна елка пред ТЦ „Бисер“
-
Во Белград и денеска блокади и протести поради трагедијата во Нови Сад
-
Трипуновски: Историски 500 денари за килограм тутун за прва класа
-
Слаб снег на Плетвар, магла на патот Тетово - Попова Шапка
-
Тешко повредени двајца градежни работници од Скопско
-
Македонија против Полска во баражот за пласман на СП 2025
-
Јаневска: Секој граѓанин треба да ги знае и почитува државните симболи
-
Уште еден случај на опожарено возило - овој пат во Ѓорче Петров