Македонија
22. јуни 2021 - 16:39

Две средни училишта земале пари за сведителства потврди просветниот инспекторат

Средното медицинско училиште во Тетово и гимнацијата „Мирче Ацев“ во Прилеп наплаќале пари за свидетелства. Ова го покажал извештајот од спроведените инспекции во 4-те средни училишта во кои постоеше сомнеж дека класните раководители од учениците земале пари за изготвување на документот. Поради утврдените неправилности, инспекторите на средното медицинско училиште од Тетово и гимназијата од Прилеп им наложиле да ги вратат парите. За разлика од овие две образовни установи, во средното економско училиште во Тетово и скопската гимназија „Зеф Љуш“ Марку не биле утрвдени неправилности.

Народниот правобранител кој констатира дека ова е пракса години наназад, ги охрабрува сите оние на кои нема да им бидат вратени парите да пријавуваат вакви злоупотреби. 

Опозицијата и денеска ја обвини министерката Царовска дека не само што нема свидетелства, туку учениците мора за нив да платат од свој џеб. 

Директорот на прилепската гимназија „Мирче Ацев“, уште вчера во изјава за Сител посочи дека ќе им бидат вратени парите на учениците на денот кога ќе ги земат свидетелствата. Од медицнското училиште во Тетово не успеавме да добиеме одговор.