Тенис
22. January 2016 - 15:15

Две победи за Ѓорческа во Анталија

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа оствари две победи денеска на фјучрсот во Анталија. Таа како прва носителка во сингл конкуренција ја победи Францеска Села од Италија, а во четвртфиналето ќе игра против Марина Дражиќ од Хрватска.

Во конкуренција на двојки заедно со Романката Роска се истотака први носителки и ги победија Ани Амрагијан (Ерменија) и Јулија Куликова (Русија) со 6:4 и 6:3 во сетови.