Македонија
26. јуни 2018 - 11:26

Две недели немала ни трага ни глас од ќерката - полицијата бара 28-годишна девојка од Македонска Каменица

Вчера во 11.00 часот во Полициско одделение Македонска Каменица, С.С. (62) пријавила дека околу две недели немала контакт со нејзината ќерка Ј.Л. (28).

На 13. овој месец и се јавила Ј.Л. и и кажала дека била во болница во Гевгелија бидејќи имала здравствен проблем, а престојувала во Стар Дојран со некое лице и оттогаш не можела да стапи во контакт со неа бидејќи телефонот и бил исклучен.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.