Две лица загинаа во собраќајка на патот Штип-Крупиште
Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа на новиот експресен пат Штип-Крупиште.
Надлежните од СВР-Штип потврдуваат дека несреќата се случила вчера околу 16 часот на експресниот пат на четири километри пред штипската приградска населба Три Чешми.
Засега нема информации на која возраст се жртвите и од каде се. Познато е дека несреќата се случила при директен судир меѓу две возила со велешки и битолски регистерски таблички.
При несреќата има повредено и други лица, кои се хоспитализирани во Клиничка болница-Штип, при вадењто на повредените и двете жртви во несреќата интервенирале и штипските пожарникари.
Надлежните од СВР-Штип најавија дека подетални информации за денешнава трагедија на експресниот пат Штип-Крупиште ќе имаат во текот на денешниот ден.
Според првичните информации од очевидци во несреќата загинале двајца велешани. Увид на местото на незгодата вршат полициски службеници и јавен обвинител од Штип.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Анета Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна