Македонија
20. February 2021 - 12:00

Две лица тешко повредени откако со возилото излетале од коловозот

На 19.02.2021 во 22,20 часот било пријавено дека на локалниот пат Куманово-с.Никуљане, патничко моторно возило “фолксваген поло“ со кумановски регистарски ознаки управувано од М.Ж.(20) од с.Долно Којнаре-кумановско излетало од коловозот. Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобила сопатничката А.Т. (20) од Куманово констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.