Свет
21. May 2017 - 11:25

Две лица се убиени, а една жена е киднапирана од страна на непознати напаѓачи

Германка и нејзиниот телохранител - Авганистанец синоќа околу 23.30 часот, по локално време, беа застрелани од страна на непознати напаѓачи во Кабул, соопштија авганистанските власти. 

- Напаѓачите избегале откако киднапирале Финка, изјави портпаролот на авганистанското Министерство за внатрешни работи Ниџиб Даниш. 

Нападот бил извршен пред куќа за гости, наменета само за жени.