Македонија
1. March 2018 - 14:20

Две лица повредени во сообраќајката на влезот на Скопје кај Маџари

Две лица се повредени во сообраќајната несреќа која се случи утрово на влезот на Скопје кај населбата Маџари.

Како што од МВР информираа за „Република“, во судирот учествувале две возила, „Фиат“ со бугарски и „Фолксваген“ со битолски регистарски таблички, но се уште немаат информација за тоа во каква состојба се повредените лица.