Македонија
30. May 2016 - 11:51

Две лица повредени во сообраќајка кај Неготино

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Градско-Неготино кај месноста Црвени Брегови.

Како што информира портпаролот на СВР Велес, Аникта Стојковска сообраќајката се случила вчера во 7.10 часот во која патнички автомобил марка „БМВ“  со босански регистарски означи управуван од 52-годишен жител Србија излетал од патот и се превртел.

Во несреќата со повреди се здобиле две лица кои биле  сопатници во возилото,  на возраст од 48 и 22 години.

Увид на лице место извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Велес.