Балкан
4. July 2017 - 20:50

Две години не разговараа со никого! - Сопружниците по смртта на синот се повлекоа и решија да се убијат

Момчило и Славица беа прекрасни луѓе кои ги снајде најлоша трагедија - им загина синот. Таа несреќа потполно ги промени. Од тогаш се повлекоа во себе и живееја изолирано, раскажува Славица Панајотовиќ, сестра од тетката на Момчило Павловиќ (67) кој во белградската населба Карабурма ја уби својата сопруга Славица, а потоа и себе.

Тоа го направи, сметаат роднините, зошто никогаш не ја прежалија загубата на синот единец Александар, кој во 2015 година загина при скок со падобран.

Со солзи во очите и во шок поради трагедијата која во неделата навечер се случи во семејниот стан на нејзиниот братучед, Славица едвај имаше сила да ги раскаже деталите за тажната судбина на Момчило и Славица.

-Последните години слабо се слушавме. Им беше тешко. Што да му кажеш на човек кој останал без синот единец? Трагедијата која им се случи им го смени животот засекогаш. Никогаш не ја прежалија загубата на Сале. Се шокирав кога ми јавија дека Момо се убил и ја убил и Славица, потресно раскажува сестрата на несреќниот човек.

 
Соседите и пријателите раскажуваат дека несреќните сопружници биле многу повлечени во последните две години, од моментот кога им загинал синот. Дека Павловиќ не живееле спокојно и среќно, на инспекторите им соопштија соседите. Истрагата оди и во правец на тоа дека Момчило и Славица се договориле за самоубиството и убиството.
 
-Смртта на синот потполно ги смени. Пред тоа беа многу зборлести. Знаеја кога ќе се сретневме во ходник да застанат и да се расприкажат со нас за се и сешто. А кога се случи трагедијата, потполно се повлекоа во себе. Слабо се среќававме, а кога ќе ги видевме едвај да изустуваа „Добар ден“ или „Догледање“, и тоа е тоа. Од нивниот стан никогаш не се слушаше галама, а тие изгледаа како складна брачна двојка кои тагата ги уништи, вели еден сосед.
 
 
Како што вели, во време на несреќата бил дома и слушнав два истрели за кои помислил дека се петарди.
 
-Не ни помислив дека во моја близина се одвивала драма. Дека луѓето што ги знам со години се мртви. Една соседка дури падна во несвест кога слушна што се случи. Момчило последните месец дена многу се смени. Тешко збореше и изгледаше пропаднато, вели тој.
 
Дали тешката болест е една од можните причини за трагедијата во семејството веќе тешко погодено од смртаа на синот останува отворена можност. Соседите велат дека Момчило наводно боледувал од тешка форма на канцер, додека други велат дека болна била неговата сопруга. Братучетката на Момчило вели дека никој во семејството не знаел за тоа. Таа додава дека Момчило тешко зборувал, и дека ги чекаат резултатите од обдукцијата за да знаат точно кој бил тешко болен.
 
Зад убиството и самоубиството на Карабурма се крие трагична судбина на едно семејство. Во позадината на оваа трагедија која го потресе Белград се крие тажна приказна за смртта на младиот падобранец Александар.
 
 
Александар Павловиќ (35) загина во мај 2015 година при неуспешен скок со падобран на аеродромот Лисички јарак. Александар под остар агол при голема брзина удрил во тлото и од здобиените повреди починал во болница.