Живот
27. May 2018 - 18:12

Две дињи продадени во Јапонија за цена од над 25.000 евра

Две дињи од сортатта „јубари“ се продадени на аукција во јапонскиот град Сапоро за цена од 3,2 милони јени (нешто над 25.000 евра).

Со оваа сума на пари, која е доволна за купување на солиден нов автомобил во Јапонија, е надмината досегашната рекордна цена за продажба на дињи од оваа сорта од три милиони јени, остварена пред две години.

Дињите „јубари“ се многу ценети во Јапонија и вообичаено се продаваат за астрономски цени. Овие дињи растат на островот Хокаидо и имаат статус на „заштитен производ“.

.