Македонија
3. January 2020 - 20:30

Две деца нападнати во Скопје

Две момчиња биле нападнати вчера во Скопје.

МВР соопшти дека вчера во 01:00 часот во СВР Скопје, 49-годишниот Б.Б. и 41-годишниот М.А., двајцата од Скопје, пријавиле дека на 02.01.2020 во околу 22:40 часот на ул. „Париска комуна“, нивните деца биле физички нападнати од две лица. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.