-->
-->
Дванаесет војници погинаа во авионска несреќа во Колумбија
-->
Дванаесет колумбиски војници вчера погинаа при пад на воен авион во земјата, соопшти колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос.
Сантос на Твитер напиша дека непосредно пред несреќата екипажот на авионот јавил дека имаат проблеми со моторот. Во несреќата погинале сите 12 патници и челнови на екипажот, пренесоа француските медиуми.
-Жалиме за тешката авионска несреќа...која го однесе животот на 12 херои на колумбиското воено воздухопловство, напиша Сантос во петокот во пораката на Твитер, во која упати искрено сочуство до семејствата на жртвите.
Авионот се урнал во регионот Лас Паломас, на околу 800 километри североисточно од престолнината Богота.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност