Балкан
26. September 2016 - 10:38

Двајца турски војници загинаа при експлозија на бомба во југоисточна Турција

Двајца турски војници загинаа денеска, а осум други се ранети, при експлозија на бомба поставена на пат во округот Мардин во југоисточна Турција, јави турската телевизија НТВ. 

Експлозивната направа била поставена на патот Кизилтепе-Дерик од страна на терористи од Курдската работничка партија (ПКК).

Бомбата експлодирала кога крај неа минувала автобус со кој патувале војниците.

По инцидентот, силите за безбедност презедоа голема антитерористичка операција во регионот.