Балкан
15. March 2017 - 11:15

Двајца турски војници убиени во експлозив, активиран од курдски бунтовници

Двајца турски војници се убиени кога курдски бунтовници активирале денеска експлозив на автопат, додека по него минувале припадници на турските безбедносни сили.

Агенцијата Анадолија јави дека експлозијата се случила на автопат, кој ги поврзува градовите Мардин и Дијарбекир во југоисточна Турција. 

Бунтовниците од Курдската работничка партија (ПКК) организираа серија напади од 2015 година, кога кревкиот процес на помирување со владата доживеа пораз.