Двајца турски генерала поднесоа оставка пред деншната седница на Високиот воен совет
Двајца генерали на турските вооружени сили поднесоа оставка пред денешното важно заседание на Високиот воен совет на Турција.
Оставки поднесоа генерал Ихсан Ујар, началник на Копнената војска, и генерал Ќамил Башоглу, командант на структурите кои се одговорни за воена обука и доктрина.
Засега нема официјално соопштение кој е мотивот за ваквиот потег.
Со седницата на Високиот воен совет денеска ќе претседава турскиот премиер Бинали Јулдирим. Се очекува на него да се досне одлука за голема реорганизација на турските Вооружени сили по неуспешниот обид за државен удар на 15 јули.
Турските власти вчера соопштија дека по обидот за преврат биле отпуштени вкупно 726 офицери, меѓу кои 149 генерали, како и 1.684 војници.
Исто така, затворени се и 130 медиумски куќи, вклучувајќи три новински агенции, 16 телевизии и 45 дневни весници.
Ново на Сител
-
Алкалоид осминафиналист во Европскиот куп
-
Во Грузија и вечерва продолжија антивладините протести
-
ФФМ: Одложени натпреварите од 17. коло во ПМФЛ
-
Семејна драма во Штип: Мајка ја нападнала ќерка си
-
Поради снег забрани за тешки товарни возила на патот Кичево - Охрид и кај Плетвар
-
Малолетник од Скопје со нож се заканувал на соученици
-
Прегазен пешак во Битола, итно пренесен на Клиника
-
Одредена мерка притвор за тројцата учесници во инцидентите во Скопје