Двајца тешко повредени на патот Градско-Неготино и Неготино-Демир Капија
Две лица вчера се здобиле со тешки телесни повреди на патот Градско-Неготино и на Неготино-Демир Капија. За двата настана денеска информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
– Вчера околу 15 часот на регионалниот пат Градско-Неготино, патничко возило „ауди“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од И.Ѓ.(49) од Гевгелија, излетало од патот и удрило во земјен канал. Притоа, возачот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Велес за укажување лекарска помош. Увид извршила екипа од СВР Велес, соопшти Додевски.
Претходно, во 9 часот на регионалниот пат Неготино-Демир Капија, во близина на место викано „Острово“, С.Д.(69) од Скопје, управувајќи мотоцикл „томопар 150Т“ со скопски регистарски ознаки, паднал на коловозот. Тој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Неготино. Увид извршила екипа од СВР Велес.
Додевски информира дека вчера во 13 часот во ОВР Кавадарци, Д.Т.(57) од Кавадарци пријавил дека околу 10 часот, по кратка расправија, настанала физичка пресметка меѓу него и неговите соседи на возраст од 68 и 46 години. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-
Недостигот на работна сила – сериозна закана за македонската економија
-
Втора половина на септември: Децата во Македонија немаат учебници по сите предмети
-
Уставниот суд не поведе постапка за упатството на ДИК
-
Мицкоски: Опозицијата прави предизборни конструкции поради безидејност
-
Кос: Без владеење на правото, нема влез во ЕУ
-
Извршен увид во Трубарево – четворицата осомничени добија уште 48 часа притвор
-
„Ниту една повеќе“- повик за протест на граѓанските организации
-
Обид за убиство во Струга