Балкан
27. November 2017 - 14:53

Двајца рудари загинаа при минирање на рудник во Турција

Двајца рудари загинале денеска во несреќа при минирање во рудник кај градот Килимли, во турската област Зонгулдак, јави телевизијата Си-Ен-Ен Турк.

Еден рудар бил повреден во инцидентот и пренесен во болница, а уште двајца биле затрупани под земја и подоцна пронајдени мртви.

Во мај 2014 година при експлозија на лошо изведено минирање загинаа над 300 рудари во рудник во градот Сома, што беше најтешкиот инцидент од овој вид во Турција.