Свет
25. November 2019 - 10:32

Двајца рудари исчезнати во пожар во Русија

Двајца рудари се пријавени како исчезнати во пожар што избувнал во рудникот „Јарегањефт“ во северозападна Русија, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.

Пожарникарите успеале да го совладаат огнот кој зафатил површина од 2.000 квадратни метри.

Во моментот кога избувнал пожарот на длабочина од околу 200 метри, во рудникот имало 45 лица од кои 33 излегле на површината, а деветмина останале да им помагаат на екипите за спасување.

Еден рудар е хоспитализиран, додека по двајца сè уште се трага.

Во тек е истрага за инцидентот.