Македонија
28. January 2021 - 13:30

Двајца приведени за "Јавна соба"

Две лица се приведени поради скандалозната група "Јавна соба" на Телеграм во која се објавува порнографија, експлицитни фотографии, профили од социјални мрежи, адреси и броеви од девојки од Македонија. 

Оваа информација на Фејсбук ја објави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. 

-Две лица, едно во Битола и едно во Велес се приведени во врска со случајот Јавна соба, а се преземаат мерки и активности и кон други лица. Работиме во координација со јавното обвинителство со цел целосно расчистување на случајот и содветно санкционирање на сторителите, напиша Спасовски на Фејсбук. 

Во групата во моментот има над 8.000 членови, а вчера освен порнографска содржина се објавуваа и видеа со насилство врз жени, егзекуции, убиства и пропагандистички видеа на Исламска држава

Две лица, едно во Битола и едно во Велес се приведени во врска со случајот Јавна соба, а се преземаат мерки и активности...

Posted by Oliver Spasovski on Четврток, 28 јануари 2021

 

Даниел Василев