Свет
13. July 2020 - 18:49

Двајца пратеници на Мадагаскар починаа од последици од Ковид-19, а 25 се заразени

Двајца пратеници во Мадагаскар починаа од последици од новиот коронавирус, а најмалку 25 членови на Парламентот се инфицирани од почетокот на епидемијата во март, изјави денеска мадагаскарскиот претседател Андри Раџеолина.

Тој не прецизираше кога починале пратениците, ниту пак ги именуваше.

– Почина еден пратеник. Почина еден сенатор. По тестирањето е утврдено дека се заразени 11 пратеници и 14 сенатори, наведе Раџеолина.

Тој додаде дека иако бил во контакт со заболени лица оти не е инфициран со Ковид-19.

Раџеолина истакна дека тој и неговото семејство пијат „Ковид органик“, растителен тоник, што беше промовиран во април на Мадагаскар, за кој се тврди дека е лек против новиот коронавирус, иако Светска здравствена организација предупреди дека не е докажана ефикасноста на пијалакот.