Македонија
24. јуни 2016 - 1:10

Двајца повредени во сообраќајката кај Демир Капија

Сообраќајот на магистралниот пат А1, Гевгелија кон Демир Капија, во близина на с.Градец  е нормализиран, соопшти АМСМ.

Од 21 часот вечерва сообраќајот на оваа делница беше во целосен прекин поради тешка сообраќајна несреќа.

Според првичните информации две лица се полесно повредени во сообраќајката, во која учествувале четири возила од кои едно со дипломатски таблички.

Повеќе детали ќе соопшти МВР во текот на денот.