Македонија
15. November 2015 - 12:03

Двајца повредени во сообраќајка на патот Куманово-Крива Паланка

Две лица се повредени од кои едно потешко во сообраќајна несреќа што се случи утрово во 5:45 часот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка во близина на населбата Карпош.

Во сообраќајната несреќа, учествувале две возила со кумановски регистарски таблички.

Според СВР Куманово, до несреќата дошло откако автомобилот „опел астра“ управуван од кумановецот Д.Т (1989) кој се движел од Куманово кон населбата Карпош изгубил контрола над возилото, преминал на левата коловозна лента и директно се судрил со товарно моторно возило, комби, управуван од 38 годишниот В.П од Куманово, кој се движел во спротивна насока.

Во сообраќајната несреќа интервенирала екипа и на ТППЕ Куманово која помогнала при извлекување на повредениот од автомобилот.Д.Т се здобил со тешки телесни повреди и поради карактерот на повредите е префрлен на скопските клиники,а В.П има телесни повреди и е задржан на лекување во кумановската болница на одделението за хирургијa.