Двајца поранешни високи функционери на Истанбул осудени на казна затвор
Поранешниот градоначалник на Истанбул, Хусеин Авни Мутлу и поранешниот директор на истанбулската полиција Хусеин Чапкин, кои се уапсени и испратени в затвор по обвинение за поврзаност со терористичката организација на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кого Анкара го смета за организатор на неуспешниот обид за преврат, ги добија конечните судски пресуди.
Судот на Мутлу му изрече казна затвор од три години, а на Чапкин од две години и еден месец.
Имајќи го предвид времето поминато в затвор пред добивањето на конечната пресуда, судот утврди Мутлу да биде пуштен на слобода. Чапкин останува в затвор и ќе го отслужи останатиот дел од казната.
Поранешниот градоначалник на Артвин и Хакари, Неџметин Калкан беше осуден на четири години и два месеца затвор. Исто така, и поранешниот околиски гувернер на реонот Багџалар во Истанбул е осуден на затворска казна од пет години.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање