Македонија
11. April 2020 - 16:46

Двајца починати од корона, 49 нови случаи на Ковид-19 во Македонија

Две лица починаа како последица на корона вирусот во последните 24 часа, информира Министерството за здравство. Од таму велат дека станува збор за 73-годишен прилепчанец кој починал на Инфективна во Скопје и 76-годишен пациент од Куманово кој починал во локалната болница.
Официјалната статистика на здравство денеска изброја 49 нови случаи кои се дијагностицирани по спроведени вкупно 586 тестирања.
Најголем број од инфицираните 14, се од Куманово. Еден помалку има во Скопје, осуммина инфицирани се од Прилеп, шестмина од Велес и по еден во Гостивар и Кочани.
Со овие пациенти, вкупниот број на регистрирани случаи се искачи на 760 од кои се уште активни се 685, 41 лице го победило вирусот а 34 починале.

Во Скопје вчера се хоспитализирани 11 пациенти. Во Воена болница и на Клиника лежат 96 лица од кои 9 имаат потешка клиничка слика а вкупно 14 се приклучени на респиратор.
13 пациенти има во болницата во Штип а само еден од нив има тешка здравствена состојба и уште петмина во Битола од кои само еден е ставен на апарат за дишење.