Македонија
30. October 2019 - 13:35

Двајца од повредените работници во Куманово хоспитализирани на КАРИЛ

Во тешка состојба, двајца од повредените градежни работници во Куманово се хоспитализирани на КАРИЛ.

Уште во кумановската болница биле приклучени на респиратор и така ги транспортирале и на скопските клиники. Од КАРИЛ за Сител изјавија дека повредените се во тешка состојба и во моментот им прават дијагностички процедури и не можат да прогнозираат дали се во животозагрозувачка состојба. Имале повреди на бели дробови и кичма.

Останатите осумина повредени работници се згрижени во кумановската болница.

 

Сања Димитровска