Двајца од париските напаѓачи престојувале во Германија
Човекот за кој се смета дека е организатор на нападите во Париз Абделхамид Абуд постојано одел во Германија или поминувал преку нејзина територија откриваат денеска германските медиуми.
Абуд кој беше убиен вчера во акција на француската полиција бил проверуван од германските служби во јануари кога од Келн заминал со авион за Истанбул.
На граничните служби им рекол дека планира да посети роднини и пријатели по што ќе се врати на истиот аеродром во Германија но германските власти немаат информација дека тој од Турција подоцна влегол во Германија. Во 2007 година Абуд од градот Келн побарал дозвола за извоз на стока со голем камион, но германските власти немаат никаки информации што правел во тој период во Германија, открива денеска весникот „Дер Шпигел“.
Уште еден осомничен за нападите во Париз патувал за Германија во септември оваа година, само два месеци пред нападите но и за него нема детали која била причината за патувањето и дали во Германија се среќавал со луѓе поврзани со терористичките напади во Париз.
Ново на Сител
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер