Двајца мртви и повеќе повредени во пукотници во Кентаки
Две лица синоќа беа убиени, а неколку ранети во серија пукотници околу градот Лексингтон – соопшти гувернерот на американската држава Кентаки, Енди Бешир.
Локалната полициска станица објави дека единствениот осомничен за нападот е убиен, додека еден полицаец бил ранети, но по добиената медицинска помош тој е во стабилна состојба.
Пукањето во кое загинаа две лица се случило во Баптистичката црква Ричмонд Роуд, а на местото на настанот пристигнала и брза помош за да им помогне на повредените – соопшти полицијата.
Првично вчераутро бил ранет полициски службеник на патот што го поврзува аеродромот Блу Грас со округот Фајет, соопшти полицијата. Осомничениот потоа избегал во баптистичка црква оддалечена околу 27 километри, каде што убил две и повредил неколку лица.
Полицијата во Лексингтон потврди поврзаност на двата вооружени настана.
Државната полиција на Кентаки и полициската управа во Лексингтон го „неутрализираа“ осомничениот во црквата.
– Ве молиме да се молите за сите оние што се погодени од овој бесмислен чин на насилство – рече гувернерот Бешир.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Анета Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна