Двајца министри од привремената влада ќе бидат сослушани во бугарскиот Парламент за барањето за разрешување на главниот обвинител
Денешната седница на бугарскиот Парламент ќе почне со сослушување на двајца министри од привремената влада, кога пред пратениците ќе треба вршителите на должноста министри за внатрешни работи, Бојко Рашков, и за правда, Јанаки Стоилов, ќе дадат информации за поднесеното барање за предвремено разрешување на бугарскиот главен обвинител, Иван Гешев .
Како што потсетува дописникот на МИА од Софија, предлогот за разрешувањето на Гешев до Високиот судски совет го достави министерот Стоилов, но е изготвен врз основа на извештајот на министерот за внатрешни работи, Бојко Рашков.
Во дописот на министерот за внатрешни работи на Бугарија се наведува дека главниот обвинител незаконски откривал податоци од прислушувани разговори, посветувајќи посебно внимание на акцијата на Главното обвинителство во претседателството од минатото лето, по која почнаа протестите.
Високиот судски Советот одби да ја почне постапката за смена на главниот обвинител, гласајќи 12: 8 против предлогот на привремениот министер Стоилов.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација