Македонија
16. December 2019 - 11:50

Двајца мигранти откриени во хотели во Стар Дојран и во Битола

Вчера во 16.30 часот во хотел во Стар Дојран од слобода бил лишен Ј.И.(26) од Авганистан поради незаконски влез во Р.С.Македонија.

Тој бил предаден на полициски службеници од Полициска станица Гевгелија за понатамошна постапка.

Подоцна вечерта во 21.30 часот во хотел во Битола од слобода бил лишен Р.Б.Ј.(29) од Куба поради незаконско преминување на државната граница и незаконски престој во Р.С.Македонија. Тој бил предаден на полициски

службеници од СВР Битола за понатамошна постапка.