Loading Video...
Македонија
9. October 2018 - 20:54

Двајца македонски државјани загинати во верижните сообраќајки во Србија

Двајца македонски државјани  се меѓу седдумината загинати  во двата верижни судири што утрово  се случија  на автопатот Белград – Ниш кај Јагодина потврди   македонското миниситерство  за надворешни работи. Српските медиуми јавуваат дека загинатите државјани на Македонија се Бурим Д и Љуљдим Р на 37 годишна возраст.

Останати жртви се Срби. 27 лица пак се повредени. Меѓу нив има и државјани на Албанија, Грција, Полска, Германија и турција.

Во судирите учестувале 34 автомобили и камиони а се случиле   на двата правци на исто место и во исто место. Снимките од терен  сведочат за големата трагедија, до која според очевидци дошло поради густата магла и неприлагодената брзина на дел од учесниците во сообраќајот.

За да не се повтори денешната катастофа комитетот за безбедност на сообракајот испрати апел до возачите.