Двајца косовски печалбари казнети поради закани кон опозициски пратеници
Основниот суд во Приштина во изминатите 24 часа казни двајца печалбари, поради закани кон двајца пратеници од редовите на опозициските партии во Собранието на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
Со две илјади евра денеска е казнет обвинтетитот Решат Садику, печалбар во Германија, поради закани врз пратеникот од редовите на Деморкатскиот сојуз на Косово, поранешниот премиер, Авдулах Хоти. Првично на Садику му е изречена казна од четири месеци затвор, но на барање на неговиот адвокат и со согласност на Хоти, затворската му е заменета со парична казна, која во рок од 15 дена треба да ја уплати на сметка на домашна хуманитарна организација.
Според обвинението, на 15 декември 2022 година, откако Хоти, како пратеник, на неговата страница на Фејсбук објавил мислење за политички случувања во земјата, обвинетиот Садику, преку неговиот Фејсбук, напишал коментар сериозно заканувајќи му се со зборовите: „За тебе Бугарину само косата е чарето“, со што „кај оштетениот е предизвикано чувство на кошмар, страв и несигурност за животот“.
По изрекувањето на пресудата, Хоти во реакција на неговиот Фејсбук ја обвини владејачката партија Движење самоопределување (ВВ) на актуелниот премиер, Албин Курти за јазикот на омраза кој на големо се користи во социјалните мрежи.
– Јазикот на омраза кој години наназад се користи низ социјалните мрежи и насекаде е загрижувачки. Партијата која е на власт со години го храни овој јазик на раздор, навреди, омаловажувања и закани, напиша Хоти.
За истото дело, со казна затвор од шест месеци, која може да се замени со парична казна во износ од пет илјади евра, Основниот суд во Приштина го казни печалбарот од Швајцарија, Дритон Маљоку, кој минатата година преку телефон ѝ се заканил на пратеничката на Демократската партија на Косово (ПДК), Ганимете Муслиу.
Незадоволна од пресудата, Муслиу најави дека ќе ја обжали првостепената судска одлука, која обвинетиот ја прифати.
Според обвинението, попладнето на 23 декември 2022 година, додека била во нејзиниот автомобил, на Муслиу, како пратеничка во републичкото Собрание, на телефон ѝ се заканил Маљоку со зборовите: „Ти си Ганимете? Ти треба да се ликвидираш?“. Неколку минути подоцна истото лице ѝ испратило телефонска порака, со следната содржина: „Здраво Ганимете. Ми ја заврши ли онаа работа со вработувањето на тој човекот за што си платена, или ќе ги враќаш оние 20.000 евра кои ми ги зеде за да ја завршиш работата“.
На овој начин, се вели во обвинението, обвинетиот Маљоку „кај оштетената Ганимете Муслиу предизвикал чувство на страв, кошмар и несигурност за животот“.
Според Кривичниот закон на Косово, за кривичното дело „закана“ е предвидена казна затвор од шест месеци до пет години.
Ново на Сител
-
Тошковски: Уапсени осум лица за инцидентите со македонското знаме
-
Грузија: Уапсени 43 лица за време на антивладините демонстрации
-
Сибирски студ ја зафати Централна и Источна Турција со температури 20 степени под нулата
-
Уапсени сторителите на вооружениот грабеж на 1,2 милиони евра од комбе со пари во близина на Атина
-
Бугарскиот Парламент повторно заседава во обид да избере претседател
-
Претрес во Штип, пронајдена дрога
-
Директорот на АХВ бара да се донесат измените и дополнувања на Законот за заштита и благосостојба на животните
-
Крипто бос ја изеде бананата-уметничко дело купено за 6,2 милиони долари