Свет
14. July 2017 - 12:26

Двајца израелски полицајци убиени во напад во Стариот град во Ерусалим

Двајца израелски полицајци тешко ранети денеска од огнено оружје во Стариот град на Ерусалим, им подлегнаа на повредите. Тоа го соопшти полициска портпаролка.

Според портпаролката, полицајците биле на возраст од 22 односно 30 години.

Трет полицаец се здобил со полесни повреди во нападот.

Тројцата извршители на нападот беа ликвидирани од израелските сили за безбедност, додаде полициската портпаролка.