Балкан
23. March 2017 - 17:19

Двајца Грци повредени при нападот во Лондон

Двајца Грци се повредени во вчерашниот напад со автомобил во Лондон, пишува „Катимерини“. 

„Би-Би-Си“ јави денеска дека меѓу настраданите има 12 Британци, три деца од Франција, кои биле на училишна екскурзија, четворица Јужнокорејци, двајца Романци, двајца Грци и по еден државјанин на Кина, Италија, САД, Полска, Ирска и Германија. 

Грчкото Министерство за надворешни работи посочи дека двајцата Грци немале потреба од хоспитализација. 

Во атентатот, за кој одговорноста за презеде Исламската држава, загинаа пет лица, а речиси 40 се повредени.