Балкан
27. December 2019 - 11:51

Двајца бегалци во Грција извршиле самоубиство

Двајца бегалци, со бесење си ги одзеле животите во два различни случаи во близина на грчкиот град Кукуш, каде што се сместени во хотели заедно со уште други 350-400 лица.

За самоубиствата на двајцата мажи на околу 30 годишна возраст, соопшти грчкиот форум на бегалци, односно мрежата на бегалски организации и заедници во Грција, а веста ја објавија и грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

-Првиот, со африканско потекло, татко на две деца, 32-33 годишен, беше пронајден обесен на мост кај хотелот. Вториот, со потекло од Ирак, околу 30 години, го пронајде неговиот цимер, обесен во ходникот на хотелот, соопштија од грчкиот форум на бегалци.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, полицијата врши истрага за смртта на двајцата баратели на азил.