Балкан
16. May 2016 - 9:00

Дваесет и седум џихадисти убиени во напади на турските вооружени сили врз ИД во Сирија

Турските вооружени сили извршија напади врз цели на Исламска држава во Сирија, при што се убиени 27 џихадисти, јави турската телевизија НТВ. 

Напади се извршени врз цели на ИД во неколку региони во северна Сирија. Вооружените сили нападите ги извршиле од позиции покрај граничниот турски град Килис.

Воени авиони на коалицијата за борба против ИД, предводена од САД, истовремено бомбардирале цели на џихадистичката групација во северна Сирија.

Изминатите месеци во турскиот град Килис, кој се наоѓа спроти регион во северна Сирија, контролиран од ИД, паднаа над 70 ракети, истрелани од џихадистите.