-->
-->
Дваесет и пет загинати во автобуска несреќа во Индија
-->

Дваесет и пет лица загинаа во автобуска несреќа во Индија. Несреќата се случила синоќа на автопатот во западната држава Махараштра. Автобусот, во кој имало околу 35 лица, удрил во столб и се превртел пред да се запали. 25 лица загинаа, а осуммина, меѓу кои и возачот, се повредени, пренесе БТА.
Полицијата ги истражува причините за несреќата.
Според извештај на Светска банка од 2021 гдоина, во Индија се случуваат 11 отсто од смртните случаи во сообраќајот во светот.
Во земјата со население од околу 1,4 милијарди луѓе, секоја година во просек има 150.000 сообраќајни несреќи со смртни последици. Сообраќајните несреќи ја чинат индиската економија околу 65 милијарди долари годишно, се вели во извештајот на СБ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски, коалиција Сите за правично судење
-

Глувци шетаат на таванот во тоалетот на студентскиот дом “Пелагонија”
-

Преглед на вестите од светот
-

Кривична пријава за Блерим Беџети за градба во Сарај, тој вели се врши политички прогон врз него
-

СДСМ: Дали во случајот со ИПАРД е вмешан и премиерот?
-

„Почекајте ќе видите“ - вели Мицкоски
-

Мицкоски без детали од разговорите за реконструкција на Владата
-

Александар Трајановски ќе биде нов потпретседател на СДСМ, Филипче обвинува и за економски колапс на државата
