Свет
24. March 2019 - 9:03

Два силни земјотреси во Индонезија, нема опасност од цунами

Два силни земјотреси денеска ја погодија Индонезија, Молучките Острови и островот Сулавези, а засега нема извештаи за жртви или за материјална штета.

Земјотрес со јачина од 6,3 степени ги погоди Молучките Острови, на 147 километри северозападно од градот Тернате, на длабочина од 76,5 километри, соопшти американскиот геолошки завод.

Вториот земјотрес е регистриран на островот Сулавези, со јачина од 5,4 степени.
Земјотресот се случи 125 километри југоисточно од градот Палу, на длабочина од 10 километри.

Во земјотресот и од него предизвиканото цунами минатата година на Сулавези загинаа 2.000 луѓе.